Почетна > Наука > Конференции > Семинар „Математика и примени“ > Трет семинар „Математика и примени“
Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018
3.07.2019
Со големо задоволство ве известуваме дека и последните две книги (Книга 5 и Книга 6) од научно-популарната едиција Математички омнибус се публикувани во целост. Кон електронските публикации може да пристапите преку страниците на книгите: 1. Научно-популарни трудови од Третиот семинар „Математика и примени“ http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-5.html 2. Трудови за наставата по математика од Третиот семинар „Математика и примени“ http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-6.html Воедно ја користиме оваа можност да им се заблагодариме на авторите и рецензентите за одличната и несебична соработка при изработката на овие книги. Ве очекуваме и оваа година на Четвртиот семинар „Математика и примени“ на 13-14 декември 2019. Повеќе информации за следниот семинар на следниот линк: http://im-pmf.weebly.com/cetvrti-seminar-matematika-i-primeni.html Со почит, Уредниците на Математички омнибус и ПОИМ Проф. д-р Весна Целакоска Јорданова Проф. д-р Ирена Стојковска ПОИМ известува: Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018
Математиката како наука можеби изгледа недостапна за многумина, но презентирана на вистинскиот начин, таа треба да биде сфатена од пошироката јавност, затоа што таа е јазикот на нашата реалност. Излагачите на предавањата на Третиот семинар „Математика и примени“ се потрудија да ни ја пренесат оваа порака, да ни пренесат дека алгебрата може да ја примениме во природните науки, математички да го истражуваме патувањето во времето, математиката да ја примениме за анализа на пазарот за електрична енергија, при истражување на коалиционите игри во политиката и екомонијата, математички да ја измоделираме психолошката природа на човекот во процесот на носење одлуки, исто така кои се алатките, методите, техниките со кои може да се олесни современата наставата по математика, како математичките активности надвор од редовната настава (додатна настава, математички секции, математички работилници) влијаат на постигнувањата во математиката, важноста на задачите од отворен тип и математичкото моделирање во наставата по математика, се само еден мал дел од темите кои беа презентирани на Семинарот. На следниот линк може да прочитате нешто повеќе за тоа што се случуваше на Третиот семинар „Математика и примени“ и да ги видите презентациите на голем дел од предавањата. http://poim-pmf.weebly.com/tret-seminar-matematika-i-primeni-mip2018.html Догледање до следниот семинар! Од Координаторите на Семинарот 25.12.2018 Драги учесници на Семинарот,
Ви благодариме на поддршката и соработката во насока на популаризација на математиката! Се надеваме дека овие два дена во светот на математиката ќе ви останат долго во пријатно сеќавање! Третиот семинар „Математика и примени“ 14-15 декември 2018 година, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје, низ неколку слики. Од Координаторите на Семинарот 15.12.2018
С О О П Ш Т Е Н И Е
(12.12.2018) Почитувани, Ве информираме дека местата за регистрација за Третиот семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018, ќе бидат отворени во текот на двата дена на одржување на семинарот во времето според програмата предвидено за регистрација, но и за време на паузите, односно во следниве термини:
Од координаторите на Семинарот С О О П Ш Т Е Н И Е
(10.12.2018) Почитувани, На следниот линк може да пристапите кон книгата со апстракти од предавањата на Третиот семинар „Математика и примени“ 14-15 декември 2018 година: Воедно изразуваме благодараност до Просветно дело АД Скопје, генералниот поддржувач на настанот кои ни помагаат во подготовките за претстојниот семинар. Ве очекуваме! Од Координаторите на Семинарот С О О П Ш Т Е Н И Е
(7.12.2018) Почитувани, Ве информираме дека за време на Третиот семинар „Математика и примени“, издавачката дејност на ПМФ ќе има свој штанд со математичка литература. Штандот ќе биде изложбен. Заинтересираните за купување на некоја од книгите, тоа може да го сторат претходно, откако прво ќе исконтактираат со библиотекарот Милена Мицковска на адреса: [email protected]. ПРИМЕРОЦИ ОД КНИГИТЕ ИМА ВО ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ. Подолу е списокот на книгите со нивните цени. Од Координаторите на Семинарот С О О П Ш Т Е Н И Е
(4.12.2018) Почитувани, Регистрацијата е завршена. Ви благодариме на голениот интертес за Семинарот. Ве известуваме дека не сме во можност да ја продолжиме регистрацијата заради ограничен капацитет на просториите каде ќе се одржуваат предавањата (најмногу се однесува за предавањата за наставата по математика). За сите оние кои се регистрираа навремено, го продолжуваме крајниот рок за уплата на котизација за учество на Семинарот до 7 декември 2018 година (петок) до кога треба да испратат и копија од извршената уплата на адреса ас. м-р Марко Димовски ([email protected]). Од Координаторите на Семинарот 04.12.2018 (00:10) С О О П Ш Т Е Н И Е
(1.12.2018) Почитувани, На следниот линк може да пристапите кон програмата на Третиот семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018 година: Во првиот ден (14 декември 2018, петок) планирано е да се одржат 15 научно-популарни предавања, а во вториот ден (15 декември 2018, сабота) планирани се исто така 15 предавања за наставата по математика. Апстрактите од предвањата ќе бидат објавени во наредниот период. Ве покануваме да се придружите кон работата на Семинарот. Ве потсетуваме дека on-line регистрацијата е отворена до 3 декември 2018 година (понеделник) или до пополнување на предвидениот број на учесници на Семинарот. Со почит, Координаторите на Семинарот С О О П Ш Т Е Н И Е
(30.11.2018) Почитувани, Ова е важно соопштение за сите заинтересирани за учество на Третиот семинар „Математика и примени“. Во овие последни денови од регистрацијата би сакале да ви ги напоменеме следниве точки во врска со on-line регистрацијата (важи за сите учесници) и уплатата на котизацијата за учество (не важи за ослободените од котизација).
- Наговестуваме дека може да ја прекинеме on-line регистрацијата предвреме, затоа што просториите каде ќе се одржуваат предавањата се со ограничен капацитет. - Предвидувањата ги правиме врз основа на бројот на on-line регистрирани учесници, при што препорачуваме и очекуваме дека научно-популарните предавања во петок на 14 декември, најмногу ќе бидат посетени од академскиот кадар, претставниците од индустрискиот сектор, студентите и средношколците, додека предавањата за наставата по математика во сабота на 15 декември, најмногу ќе бидат посетени од академскиот кадар и наставниците од основно и средно училиште. Меѓутоа, секој учесник на семинарот има право да ги посети сите предавања. Ова се само наши препораки и наслутувања. - Без on-line регистрација не може да се стане полноправен учесник на семинарот, т.е. нема да може да ви изработиме сертификат.
- Најдобронамерно ги замолуваме сите кои се on-line регистирани до последниот момент на пристапност на on-line формуларот за регистрација и не се во категоријата која не плаќа котизација (предавачи, студенти и средношколци), да ја уплатат котизацијата најдоцна до 3 декември (понеделник), а најдоцна до 4 декември (вторник) да пратат потврда за извршената уплата, бидејќи одложувањето на било кој рок за било што, попречува во планирањето. - Оние кои уплаќаат групно, задолжително во мејлот кога ќе пратат потврда за извршена уплата да ги наведат имињата на учесниците за кои е извршена уплатата. - Уплатена котизација без on-line регистрација не е валидна. Ги замолуваме учесниците кои уплатиле котизација, што поскоро да го извршат регистрирањето, за да им се изработат со време сертификати за учество. - Регистрација без уплатена котизација, значи дека регистрираниот не е полноправен учесник на семинарот т.е. нема да може да му доделиме семинарски материјали и сертификат.
- За уплатите извршени од училиштата, ќе бидат изработени фактури кои претставник од тоа училиште ќе ја подигне за време на семинарот од асс. м-р Марко Димовски (на местото предвидено за регистрација). Со почит, Координаторите на Семинарот С О О П Ш Т Е Н И Е
(3.10.2018) Почитувани колеги, соработници и студенти, Ви соопштуваме дека Третиот семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 14 и 15 декември 2018 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје со наслов „Популаризација на математиката“. Целта на Семинарот е промовирање на математичките науки меѓу младите, математичка наобразба на јавноста, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, насоки и можности за идни истражувања, размена на искуства од наставата по математика, примена на разни успешни наставни методи, форми или техники при усвојување на математички знаења и вештини. Предавањата на Семинарот ќе бидат научно-популарни предавања од чистата и применета математика, како и предавања за изведувањето настава по математика во основно и средно училиште. Како и во претходните години, на Семинарот може да учествуваат како предавачи или слушатели униврзитетските наставници и соработници, наставниците од средните и основните училишта, студентите, средношколците, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор. Вашето присуство задолжително треба да го најавите најдоцна до 3 декември 2018 година со пополнување на контакт формата за регистрација на следниот линк: http://im-pmf.weebly.com/tret-seminar-matematika-i-primeni-registracija.html и да уплатите котизација за учество на Семинарот во висина од 600 денари, исто така, најдоцна до 3 декември 2018 година. Повеќе информации за начинот на уплата на котизацијата на следниот линк: http://im-pmf.weebly.com/tret-seminar-matematika-i-primeni-kotizacija.html Предавачите на Семинарот, студентите и средношколците се ослободени од плаќање котизација. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество, а предавачите - сертификат за одржаното предавање. Заинтересираните предавачи на Семинарот, треба да пратат предлог наслов и апстракт од предавањето, најдоцна до 28 ноември 2018 година, на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 минути. Урнекот за апстрактот, кој треба да ни го пратите, може да го симнете одовде: urnek_za_apstrakt_mip2018.doc. Авторите на изложените предавања ќе имат можност да ги објават трудовите на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ или во печатено издание од едицијата Математички омнибус. Трудовите за објавување во печатеното издание треба да се пратат најдоцна до 31 јануари 2019 година, на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]). Урнекот за трудот може да го симнете одовде: urnek_za_trud_mip2018.doc. Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да ѝ оддадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто. Со почит, Координаторите на Семинарот Проф. д-р Ирена Стојковска ([email protected], [email protected]) Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова ([email protected]) Ас. м-р Марко Димовски (mdimovski16@gmail.com) Претходни семинари „Математика и примени“:
|
Важни датуми:
28 ноември 2018 - краен рок за поднесување апстракти. 3 декември 2018 - краен рок за on-line регистрација и плаќање на котизација за учество на Семинарот. 14-15 декември 2018 - денови на одржување на Семинарот 31 јануари 2019 - краен рок за праќање на трудови од предавањата за објавување во печатено издание од едицијата Математички омнибус. Главен координатор: Проф. д-р Ирена Стојковска Координатори: Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова Ас. м-р Марко Димовски *) Семинарот се одржува во рамки на стручно-апликативниот проект на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје со наслов „Популаризација на математиката“.
|
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ