Теориска математика
Студиската програма по ТЕОРИСКА МАТЕМАТИКА од прв циклус има за цел, со своите наставни содржини, облици и методи на настава, да им овозможи на студентите да усвојат темелни знаења и разбирања од полето на теориската математика, и да се запознаат со најважните класични и некои од модерните математички области и нивните теории. Усвоените теории и методи на студентите им даваат цврста основа за натамошно продолжување на студиите по математика на вториот циклус студии.
Студиите овозможуваат запознавање со класичните и современите достигнувања од алгебра, основите на математичката анализа, теоријата на веројатност, математичката статистика, геометријата и топологијата, но и со некои подрачја од применентата математика (на пример диференцијални и парцијални равенки), како и да се запознаат со области со кои математиката е тесно поврзана. На овие студии студентите развиваат способност за разбирање на сложени математички докази, а со тоа и на логичко аргументирање во општи ситуации, а стекнуваат и вештни за примена на разни математички методи и техники за решавање одредени конкретни задачи. Покрај тоа, тие стекнуваат и способност за самостојно поставување и креативно решавање на математички проблеми. Студентите се оспособуваат за понатамошно самообразование од полето на математиката. Во рамките на предложенава студиска програма, предвидено е изведување практична настава (од најмалку 30 дена годишно) којашто е во функција на практичното усовршување на студентите.

Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии – втор циклус студии организиран од Институтот за математика и тоа, конкретно во студиската програма, т.е. насоката по Математички науки и примени, но и во други области на математиката (наставна или примената, односно студентот има право, доколку има положено соодветни задолжителни и изборни предмети (за кои се изјаснува колегиумот на вториот циклус студии) да се запише било на наставната насока од вториот циклус студии – Математичко образование во основно и средно училиште, односно применетите насоки -Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијаили Нумеричка оптимизација и апроксимации).
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ